Роза Отунбаева, претставничка на Обединетите нации во Авганистан, предупреди дека поради тоа што талибанските власти ги сузбиваат правата на жените, најверојатно ќе се намалат помошта и инвестициите во развојот на земјата, каде што жените се плашат од насилна смрт.
Обединетите нации апелираа за Авганистан во 2023 година да се собере голема сума помош во вредност од 4,6 милијарди, што е неопходна за опстанок на две третини од населението, околу 28 милиони луѓе, рече Отунбаева во средата, пренесе „Ројтерс“.
Сепак, таа предупреди дека помошта за Авганистан е доведена во прашање во Советот за безбедност на ОН поради ограничувањата на жените од страна на талибанските власти и забраната за посетување на средни училишта и универзитети, посета на паркови и професионално работење.