ОН: Повеќе од 3.000 цивили загинаа во Украина од почетокот на војната

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (OHCHR) денеска соопшти дека бројот на убиени цивили во Украина надмина 3.000 од почетокот на војната.

„Денешниот биланс од 3.153 цивилни жртви е зголемен за 254 во споредба со петокот“, се вели во соопштението на OHCHR, истакнувајќи дека реалниот биланс на загинати е многу поголем, но дека не може да се утврди поради отежнатиот пристап до конфликтните зони.

Повеќето од жртвите се убиени со експлозивно оружје со широко поле на удар, како што се ракети и бомби, се вели во соопштението на OHCHR.

Слични содржини