242
Повеќе од 4.000 цивили загинале во Украина од почетокот на војната, соопшти денеска Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации.
Според соопштението, загинале 4.113 цивили, од кои 264 деца, а речиси 5.000 луѓе биле повредени, најмногу поради гранатирање или бомбардирање.
Во Донбас загинаа 2.337 цивили, а 2.808 се повредени, се вели во извештајот, додавајќи дека тоа се само документирани случаи и дека реалните бројки веројатно се многу поголеми.