ОН: Повеќе од осум милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Повеќе од 8 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина од 24 февруари, кога започна „руската инвазија“, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Според податоците од истражувањето спроведено од организацијата за миграција со седиште во Женева, речиси половина од внатрешно раселените, поточно 44 отсто, размислуваат за понатамошно преселување поради размерите на хуманитарната криза во земјата, пренесува „Ројтерс“.

Речиси половина од внатрешно раселените размислуваат за понатамошно преселување поради размерите на хуманитарната криза во Украина.

Слични содржини