88
Испораките на хуманитарна помош, која ОН ја транспортираат преку Турција до милионите загрозени во северозападна Сирија, би можеле да продолжат денеска по прекинот на хуманитарните операции предизвикани од разорниот земјотрес, соопштија претставници на ОН.
Веќе неколку години, Обединетите нации го опишуваат пристапот до областите контролирани од опозицијата во Сирија преку граничниот премин од Турција како „спас“ за спасување на околу четири милиони луѓе кои се потпираат исклучиво на хуманитарна помош, се потсетува во извештајот на „Ројтерс“.
„Се надеваме дека од четврток повторно ќе можеме да испорачаме помош преку границата“, изјави вчера за новинарите регионалниот координатор на ОН во Сирија, Мухамед Хади.