ОН: Пронајдени илјадници тела во областа на Киев

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска изјави дека илјадници тела биле пронајдени во реонот на украинскиот главен град Киев во последните недели и дека истрагите за многу настани во Украина може да укажат на воени злосторства.

„Размерите на нелегалните убиства, вклучително и индикации за кратки егзекуции во областите северно од Киев, се шокантни“, изјави Бачелет пред Советот за човекови права со седиште во Женева во видео обраќање, пренесе „Ројтерс“.

Советот за човекови права денеска ќе одлучи дали ќе побара од истражителите официјална истрага за настаните што се случија во Киев и другите украински региони во февруари и март.

Слични содржини