138
Потврдено е дека речиси 8.500 цивили се убиени во руската инвазија на Украина, соопшти во вторникот тело на Обединетите нации, со стравувања дека реалната бројка е „значително поголема“.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) објави дека евидентирала 8.490 убиени и 14.244 повредени меѓу почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година и 9 април 2023 година.
Канцеларијата ги опиша бројките како само „врвот на ледениот брег“ поради ограничениот пристап до воените зони.
Повеќето од смртните случаи се регистрирани на територијата под контрола на украинската влада и под напад на руските сили, вклучително и 3.927 лица од регионите Доњецк и Луганск, кои беа место на тешки борби.