Канцеларијата на ОН за човекови права денеска изрази загриженост поради плановите на проруските власти да им судат на украинските воени затвореници во Мариупол, веројатно во следните неколку дена, и рече дека таквиот процес сам по себе може да претставува воено злосторство.
„Многу сме загрижени за начинот на кој тоа се прави. Во медиумите има слики од кафези кои се градат во Мариуполската филхармонија, навистина масивни кафези и очигледно идејата е затворениците да се ограничат таму“, рече портпаролката Равина Шамдасани прес-конференција во ОН.
Шамдасани рече дека намерното „негирање на правото на воен затвореник на правично судење е воено злосторство од страна на Русија“.