Android Central објави податоци од апликацијата за тестирање на AnTuTu, која открива некои од параметрите на OnePlus 6 кои ќе бидат достапни во наредните месеци.
Тестираниот уред е со код на производот A6000 и има резултат од 276.510 поени. Ова е повисоко достигнување од претходниот рекорд на Xiaomi Mi Mix 2S, кој има 273.741 во истиот тест.
Резултатите автоматски укажуваат дека OnePlus 6 ќе биде опремен со Snapdragon 845 чипсет, бидејќи слични броеви не можат да се постигнат со друг процесор.
Сликите, исто така, покажуваат дека соодносот на екранот е 19:9, а распоредот на статусната лента и неговата содржина јасно покажуваат дека уредот ќе ги следи најновите модни трендови и ќе има отсечен екран.
Според претходните гласини, се очекува телефонот да има стаклен заден панел, двојна камера и минимални рамки околу екранот.