Оние кои продаваат користени автомобили можат да заработат повеќе од кога било досега

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Тешко е за некој да купи автомобил во моментов затоа што времето на испорака е долго, пазарот на половни автомобили е празен, а останатите се скапи. Во исто време, ова е добро време за продавачите бидејќи секој што сака да го продаде своето користено возило може да заработи повеќе од кога било досега.

Според тековниот индекс на цени на користени автомобили AutoScout24 (AGPI), купувачите на половни автомобили во Австрија треба да издвојат просечно 27.472 евра за користен автомобил.

„Сè уште не му се гледа крајот на поскапувањето. Пред пандемијата во август 2019 година, просечно користен автомобил чинеше 19.859 евра, што е за 7.600 евра помалку од денес. Но, дури и пред една година, во летото 2021 година, просечната цена сè уште беше 3.700 евра под сегашното ниво“, објаснува Александар Вишек од AutoScout24 во Австрија (онлајн берза за автомобили) за „Neue Kronen Zeitung“

Австрискиот пазар на половни возила забележа најголем раст на цените во сегментите возила од високата средна класа, од 17,4 отсто, со просечна цена од 31.737 евра.

Посебно популарни се малите автомобили кои забележаа пораст на цените од 14,3 отсто (просечна цена од 15.110 евра).

Средната класа имала просечна цена од 25.731 евро во август 2022 година и исто така е зголемена за 14 отсто на годишно ниво, а по неа е високата класа чија просечна цена моментално е 63.374 евра, пишува „ХАК“.

Слични содржини