135
Украинскиот политичар Олександр Онишченко кој пред неколку месеци добил македонско државјанство, во интервју за „Слободен печат“ вели дека целата процедура за издавање на државјанството ја спровел легално.
„Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години. Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално“, вели Онишченко.