Онлајн берза за дојдовен туризам, погодна можност за промоција на туристичките понуди

370 прегледи

Од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија ќе организира петта по ред македонска берза за дојдовен туризам на платформата mtb.org.mk, поради како што велат, отсуството на саемите за туризам.

Според информациите, право на учество имаат сите тур-оператори/туристички агенции кои работат во доменот на дојдовниот туризам, хотели, ресторани, превозници и туристички атракции. Тие ќе може да ги промовираат своите услуги и производи пред странските тур оператори, да разговараат со нив и да стекнат нови контакти кои ќе им помогнат во натамошна соработка, а настанот ќе се оддржи на 25. и 26. февруари.

„Нашата платформа нуди можност да ги промовираме нивните понуди пред странските тур оператори, да закажуваат состаноци со нив, да разменуваат контакти и мислења и да слушаат предавања од врвни светски ескепрти кои ќе зборуваат за она што може да го очекуваме во иднина“, истакна Влатко Сулев кој е претседател на НАИТМ.

На платформата, што веќе е активна и ги очекува останатите апликации, може да се забележат шест потврдени врвни имиња кои ќе имаат предавања. Дел од нив се Френк Мар – специјалиство дигиталната сфера, Тине Мурн – основач на „Мајнбранд УК“, Марлон Ван Хее- експерт за туризам, тренер за извозен туризам и проект менаџер.

„Берзата ќе трае два дена, но контактите и стекнатото знаење ќе останат многу подолго. Ние, како организатори, успеавме да договориме голем број реномирани имиња кои ќе ни го пренесат нивното знаење со цел да бидеме во тек со актуелните случувања во туризмот. Од друга страна пак, успеавме да изградиме одлична база на странски компании од туристичкиот сектор кои ќе бидат присутни на самиот настан. Ова е одлична можност за сите да го промовираат она во што се најдобри“, посочи Сулев.

Платформата ќе функционира и по завршувањето на берзата, а регистрираните компании ќе добиваат нови информации од сферата на туризмот.

Слични содржини