Онлајн компаниите во САД ќе страдаат поради прекршувањето на размена на лични податоци со ЕУ

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Одлуката на Судот на Европската унија да го поништи договорот за размена на лични податоци помеѓу ЕУ и САД може да има потенцијално големи последици како за големите технолошки гиганти од Силициумската долина, така и за помалите онлајн американски компании.

Data-Center

Договорот Safe Harbour беше замислен како “рационален и ефективен” начин за американски компании да добиваат податоци од Европа, без да ги нарушуваат нејзините правила, коментира “Ројтерс”.

Фирмите во САД беа во состојба сами да потврдат дека се поставени соодветни мерки за заштитата на доверливоста на личните податоци.

Како резултат на обвинувањата на поранешниот вработен во Националната агенција за безбедност на САД Едвард Сноуден, Европскиот суд оваа недела досуди дека договорот е невалиден.

Белата куќа изрази разочарување дека “критираниот” договор е откажан поради “неточни претпоставки за заштита на доверливоста на податоците во САД”.

Голем број американски компании – од мали онлајн компании како RetailMeNot Inc до софтверски гиганти како Symantec Corp, изјавија дека европската промена на правилата за трансатлантските трансфери на лични податоци, ќе ги повредат фирмите, и повикаа на брзо решение.

“Најголемиот страв им е дека тие ќе ја загубат можноста да обезбедуваат услуги во Европа”, рече Емери Симон, советник на BSA / The Software Alliance, индустриска група за софтверски компании како Oracle, Salesforce и IBM.

Големи компании како IBM се подготвени за промена, бидејќи користат неколку различни правни аранжмани кои ќе дозволат правна размена на податоци.

Одлуката на судот ќе влијае на работата на повеќе од 4000 компании од сите сектори, од фармацевтскиот гигант Pfizer до високотехнолошки компании како Microsoft, кои разменуваат податоци за вработените и клиентите меѓу САД и ЕУ. Многу технолошки компании на пример ги чуваат личните податоци на потрошувачите во САД за полесна анализа со рекламна цел. Фирмите со странски операции може да пренесат податоци за вработените, за да се централизираат активностите на одделенија за човечки ресурси.

Додека ЕУ и САД работат за наоѓање и воспоставување на нов систем, некои американски софтверски компании стравуваат дека создадената положба ќе ги принуди клиентите да се свртат кон локални европски компании.

“Секоја американска компанија со вработени или клиенти во Европа е потенцијално погодена од оваа одлука”, изјави портпаролот на RetailMeNot Брајан Хојт пред “Ројтерс”. “Оваа ситуација ќе создаде проблеми за споделување на податоци, потребни за брзо обезбедување на анализи на податоци и бизнис операции.”

Adobe и Autodesk најавија дека проценуваат опциите за размена на податоци помеѓу континентите, а од Symantec пренесоа дека имаат и други механизми за правна заштита на преносот на податоци, но неизвесноста по одлуката им отежна на компаниите во одредувањето на следните чекори и евентуалните загуби .

Дури создавањето на сервери со податоци во Европа нема да го решат проблемот, изјави Илиас Кантос, виш директор во Symantec. “Не можете да го изолирате проток на податоци само во рамките на една територија или јурисдикција.”

Фирмите можат да создадат нови договори со клиенти во Европската унија, но недостатокот на јасност и високите трошоци може да ги натоварат помалите фирми со “непропорционална партиција” од тежината на новите законски барања, се вели во соопштението на Стопанската комора на САД.

Решението може да создаде нови можности за европските конкуренти, како Orange и Deutsche Telekom, кои ќе се обидат да интервенираат во бизнисот на американските компании.

Извор од голем европски телекомуникациски оператор изјавил за “Ројтерс” дека очекува многу клиенти, како приватни лица, така и компании да направат ревалоризацијата на политиката за чување на податоци и да се пренасочат кон локални европски компании.

“Многу поверојатно е компаниите да почнат да ги чуваат своите податоци во ЕУ, а не во компании со седиште во САД, што ќе ја наруши хегемонијата на американските компании во овој сектор”, смета Иан де Фреитас, партнер во адвокатската фирма Berwin LeightonPaisner.

Поголемите компании во САД може да се стретнат и со проблеми од типот на имиџ поради идејата дека помагале следење на податоците од владата. Тие секако негираат кршејќи какви и да е закони.

IBM, Facebook, Google Inc и Amazon имаат дополнителни правни аранжмани кои ги дефинираат стандардите за заштита на личните податоци помеѓу испраќачот и примачот на податоците кои може да им дозволат да го продолжат трансферот на податоци.

Некои имаат договори со европските потрошувачи, кои се согласуваат нивните податоци да бидат пренесени во САД. Facebook пример има процес на регистрација, кој им овозможува да добијат согласност од страна на корисниците, кога тие се регистраат за услугата.

Основна тревога за американските компании е дека без централизиран систем како Safe Harbor регулаторните органи во ЕУ би можеле да прифатат различни пристапи кон меѓународните трансфери на податоци.

Европската комисија соопшти дека ќе обезбеди насоки на регулаторните органи со цел да се осигура дека тие ќе гледаат заеднички пристап.