433
Само една година по пристигнувањето на нивниот втор син, еден од најпопуларните турски парови – 50-годишниот Халит Ергенч, кој се прослави со улогите на Сулејман Величествениот и Онур и неговата 12 години помлада сопруга Бергузар Корел, која стана sвезда како Шехерезада, објавија дека чекаат трето дете.
Актерката го објави и полот на бебето.
Прво Бергузар на Инстаграм објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит Ергенч. Тие веќе ги имаат синовите Али и Хан, а сега се знае дека очекуваат девојче.
„Сакав да ја споделам мојата среќа со вас“, напиша таа во објавата, како и дека „Господ знае колку го сакала тоа“.