ООН ги демантира лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски

од Берта Китинска
325 прегледи

ООН јавно ги демантираше лажните вести на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски на прес конференцијата рече дека, согласно јавно достапните електронски податоци од Обединетите нации кои се собираат преку нивните надлежни агенции, Македонија е карактеризирана во земји кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави.

„Организацијата на ООН нема изадено никаква проценка за мерки поврзани со пандемијата предизвикана од новиот корона вирус COVID-19. Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политички дискусии. Глобално и локално, се соочуваме со заеднички непријател и наша обврска е да работиме заеднички во интерес на нашата заедница, за да ги заштитиме животите на секој нејзин член“, пишва во демантот на ООН.

Воедно и СДСМ излегоа со соопштение по повод изјавата Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ кои бесрамно, крајно неодговорно ги шират среде најголемата глобална пандемија со коронавирусот. Силен шамар за неодговорната ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски.Не е точно дека ООН правеле некакви проценки на владини мерки како што излажа Николовски. Затоа Обединетите Нации и јавно демантираа и побара да не бидат вклучувани во политички дискусии. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најсветото нешто, здравјето.

Слични содржини