ООН одобри декларација за запирање на сидата до 2030 година

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Генералното собрание на Обединетите нации, со големо мнозинство, усвои декларација со која се повикува на итни мерки за запирање на СИДА-та до 2030 година.

Организацијата верува дека пандемијата на Ковид-19 ја влошила нееднаквоста меѓу приоритетите на болеста и ја влошила достапноста на лекови за третман на СИДА, пренесува АП.

Усвоената декларација ги обврзува 193 земји-членки да го применат документот на 18 страници, што вклучува намалување на новите ХИВ инфекции на помалку од 370.000 годишно, како и смртни случаи на помалку од 250.000 до 2025 година.

„Без зголемување на ресурсите и покриеност за ранливите и заразените, нема да ја завршиме епидемијата на СИДА до 2030 година“, предупреди Генералното собрание.

Слични содржини