ООН прогласи Ден на подготвеност за епидемија

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Една година по појавата на коронавирусот, Генералното собрание на ООН го прогласи понеделникот, 27 декември, Меѓународен ден на подготвеност за епидемија (International Day of Epidemic Preparedness), во обид да се осигура дека се извлечени лекции од панемијата на коронавирус за идните здравствени кризи.

Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а потоа се прошири низ целиот свет, инфицирајќи повеќе од 66 милиони луѓе досега и убивајќи околу 1,5 милиони.

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија во март, на што САД и неколку други земји соопштија дека е премногу доцна.

Генералното собрание на ООН, кое брои 193 члена, усвои резолуција со консензус во која се признава потребата „да се подигне нивото на подготвеност така што на секоја епидемија што може да се појави треба да се одговори што е можно побрзо и поефикасно“.

Со оглед на тоа што Генералното собрание претходно прогласи меѓународни денови посветени на шахот или јогата „се чини фер епидемиите да имаат свој ден“, објави лидерот на Меѓународната кризна група на ООН, Ричард Гован.

Резолуцијата на ООН ја нагласува важноста на меѓународната соработка и мултилатерализмот.

„Пандемијата нè дочека неподготвени, но служеше и како повик за будење за да ја подобриме нашата подготвеност“, рече виетнамскиот амбасадор Данг Дин Кју при презентирање на резолуцијата.

„Ние веруваме дека Меѓународниот ден на подготвеност за епидемија ќе биде добар начин да се постигне таа цел“, додаде тој.

Слични содржини