Опасен вирус изнудува пари од корисниците

од Vladimir Zorba
81 прегледи

 

Компијутерите на „Епл“ досега воглавно беа отпорни на вируси и слични проблеми, но овој викенд е забележан првиот напад на „Рансомвер“ врз „Мек“ уред.nov-virus-gi-napagja-uredite-na-epl-192107

„Рансомвер“ „заклучува“ одредени податоци на компујутерот и потоа од корисникот бара да уплати одредена сум пари со цел повторно да му биде овозможен пристап до нив.

Ова е првпат хакерите да успее да упаднат во компијутери на „Епл“, јави „Гардијан“.

„КиРенџер рансомвер“ се инсталира на компијутерите по пат на „Трансмишн Бит Торент“ клиент кој содржи опасна датотека.

Хакерите бараат исплата од 400 долари во „биткоин“ валути, што значително го отежнува нивното наоѓање.

Хакерите со помош на „Рансомвер“ годишно заработуваатпо стотина милиони долари, и тоа од корисниците на „Виндоус“, но игледа дека и корисниците на „Епл“ повеќе не можат да бидат сигурни.