Фановите на Minecraft ризикуваат да ги инфицираат своите компјутери со опасен вирус при преземањето на PNG фајлови за играта, односно лажни „кожи“, кои го менуваат изгледот на ликовите, предупредува Avast Security Company.
Проблемот произлегува од фактот што играчите ги симнуваат „кожите“ од странични веб-ресурси, а не од официјалниот сајт на играта, што драматично го зголемува ризикот од зараза, велат експертите.
Во суштина, вирусот со отворен код има едноставна структура, но е способен за „рушење“ на целиот компјутер, реформатирајќи го хард дискот и бришејќи го бекапот и датотеките, според Avast.
Антивирусните програми ги информираат играчите на Minecraft за опасноста од инфицирање на вашиот компјутер при симнување на „кожите“, но корисниците често ги игнорираат предупредувањата.
Само во последниот месец од вирусот се повредени 50 илјади корисници со сметки во играта. Повеќето од нив се со седиште во Русија, Украина и САД, додаваат од компанијата за безбедност Avast.