Силно торнадо помина низ Јужна Кина. Тоа се формирало откако тајфунот “Муџиге” се доближил до земјата. Природната стихија однела бројни градби, автомобили и дрвја на патот.

ОД торнадото паднат е и градежен кран недалеку од Хонгконг, покажува видео на очевидци. До момент има информации за 4 жртви и 80 повредени во јужна Кина.По други 16 лица, меѓу кои многу рибари, се трага. Властите велат дека тие не ги почитувале предупредувањата да не излегуваат во морето поради природната стихија. Над 100 лица се извадени од крајбрежните води во неколку спасувачки операции по моќното торнадо. Во јужен Кина е прогласен највисокиот степен на тревога – црвен код!