Магнезиумот е многу важен минерал за телото и здравјето воопшто. Многу луѓе сепак страдаат од магнезиумски дефицит без да сфаќаат. Докажувањето на недостаток на доволни количини магнезиум во телото е тешко, бидејќи крвните тестови не даваат целосна јасност.cf36705501c2b523dbf4dc8fc8396999

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 различни биохемиски процеси во организмот. Количеството во женското тело треба да е во рамките на 310-320 милиграми, а во машкото меѓу 400 и 420 милиграми, пишува care2.com.

Дури и да се храните со богата храна со магнезиум( зеленолистниот зеленчук, авокадо, ореви, цели зрна, банани ), телото пак може да го исфрла и како краен производ да останува многу мала количина, недоволна за правилното одвивање на процесите во клетките.

Претерувањето со кофеинот, безалкохолни пијалоци, белиот шеќер и алкохолот влијаат токму врз апсорпцијата и употребата на магнезиум. Ако овие производи се постојан дел од Вашето секојдневие, веројатно сами си предизвикувате дефицит на магнезиум.04393473aba4e80b92ff63d589346665

Со староста нивоата на магнезиум исто опаѓаат. Некои лекови исто така би можеле да влијаат на апсорпцијата на магнезиум како лекови за дијабетичари, кортикостероиди, антифунгални, диуретици, таблети за гастроинтестинални нарушувања, антибиотици.

Кои се симптомите на дефицит на магнезиум?
Силна главоболка
Грчеви во мускулите
Губење на апетитот
Гадење и деградирани варење (пролив или запек)
Недостаток на енергија и лесен замор
Слабост во екстремитетите

Овие знаци се јавуваат при благи до умерени неуспеси на магнезиум во телото. При посериозни загуби на важниот минерал симптомите и знаците почнуваат да стануваат сè посериозни , како што се:

Срцеви проблеми – атријална фибрилација, екстрасистоли, тахикардија.
Васкуларни проблеми – проблеми на главните артерии, претежно коронарната доведуваат до попречување или запирање на крвотокот во мозокот и ткивата.9bfdbc12e0e62e370b5d4b87eb7af417

Проблеми со нервниот систем – вкочанетост на прстите и екстремитетите поради недоволно потхранување на периферниот нервен систем. Цели делови од кожата можат да се чувствуваат како безживотни на допир.

Проблеми со мускулите – кај голем недостиг на магнезиум грчевите во мускулите стануваат многу посилни и неподносливи. Се случуваат често и поминуваат се побавно.

Лични промени – страдалниците од силен дефицит на магнезиум стануваат бучни, раздразливи, експлозивни и агресивни. Имаат тенденција дури и кон насилство. Запаѓаат во напади на паника и депресија.

Проблеми со спиењето – магнезиумскиот дефицит доведува до тешкотии при заспивањето и здравиот сон во текот на ноќта. Честите будења исто се присутни во отсуство на важниот минерал.

При сомнение за магнезиумски дефицит можете да земате додатоци во исхраната со важниот за здравјето минерал. Можете исто така да ја поткрепите вашата исхрана со храна богата со магнезиум , како и да го намалите кафето, алкохолот, безалкохолните пијалоци и шеќерните десерти.

Слични содржини