„Опел корса“ – автомобил на годината

од Aleksandar Petrovski
628 прегледи

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ ја прогласи „опел корса“ за освојувач на Гран при во 2020 година.

На изборот што се одржа по јубилеен 25. пат, во најтесна конкуренција за наградата покрај опел корса, влегоа и киа екс сид, тојота РАВ4, мазда 3, БМВ 1 и сангјонг корандо.

– По анализатa на сите својства на возилата што беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, титулата ѝ ја доделија на „опел коса“, изјави Горан Антевски од националното жири.

При изборот членовите на жирито се раководеа од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.

Победничкото возило „опел коса“ доби 110 бода од жирито (4 гласа), пред мазда 3 со 86 и тојота РАВ 4 модел што доби 81 бод.

Гласот од финалистите годинава го доби моделот мазда 3. Од шесте финалисти за моделот мазда 3 гласаа три.

Признание СУВ на годината го доби моделот тојота РАВ4.

Наградата „Томислав Биљарац“, која се доделува во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, е за Славка Каленикова.

Слични содржини