Opel Mokka Black

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Opel Mokka сега е достапен на германскиот пазар како специјален Black модел, кој, покрај повеќе стандардна опрема, се карактеризира и со префинет изглед.

Накратко, Volcanic Grey Metallic боја, црн покрив и ретровизори, затемнети задни стакла и специјални 18-инчни црни алуминиумски тркала ја карактеризираат надворешноста, додека внатрешноста е црна со сребрени и сиви акценти.

Multimedia-Radio Pro со екран до 12 инчи е дел од стандардната опрема, како и бројни други безбедносни и комфорни функции.

Ова вклучува помош за паркирање, предупредување за мртва точка, LED фарови, автоматска климатизација, како и систем „Keyless Open & Start“.

Толку богато опремена, новата Opel Mokka Black во Германија започнува од 30.760 евра.

Во понудата се бензински мотори со 100 КС и 130 КС, па така забрзувањето до 100 км/ч трае околу девет до десет секунди, додека максималната брзина е до 200 км/ч.