Opel Mokka Electric со подолг домет

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Stellantis има план да произведува само целосно електрични автомобили по тековната деценија, а дел од тој план е да привлече клиенти со постепено „лекување“ на напнатоста предизвикана од опсегот.

Peugeot E-308 беше претставен во септември, додека Astra Electric пристигна во ноември, а двата модели имаат батерија од 54 kWh. Со употреблив капацитет од 51 kWh, литиум-јонската батерија сега е исто така дел од Mokka Electric за моделската 2023 година.

Благодарение на поголемата батерија, досегот на субкомпактниот електричен кросовер е зголемен од 338 km на 406 km (според WLTP), односно за 20 проценти. За да се наполни батеријата до капацитет од 80 проценти, потребно е околу половина час, но само ако се користи полнач со DC од 100 kW. Потрошувачката на енергија е намалена на 15,2 kWh на 100 поминати километри.

Mokka Electric го придвижува помоќниот електричен мотор поставен напред со 156 КС и 260 Nm вртежен момент, кој овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 10 секунди и максимална електронски ограничена брзина од 150 km/h.

Треба да се каже дека Opel го смени името на својот модел, па сега се нарекува Mokka Electric, а не Mokka-e.