Opel подготвува евтин модел за 2026 година

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Една од најважните теми во автомобилскиот свет во 2023 година е ценовната војна, која во моментов им предизвикува бројни проблеми на некои производители. Ценовната војна ја предизвикуваат производителите на електрични автомобили од Кина, како и Tesla. Европските корпорации на различни начини пристапуваат кон целиот феномен. Некои се борат за пониски цени, други ги критикуваат ваквите постапки, а некои едноставно не можат да си го дозволат тоа.

Значи, дали ова значи дека ако сакаме да купиме евтин, но сигурен електричен автомобил, ќе треба да избереме кинески брендови? Излегува дека европските клиенти сепак не мора да бидат осудени на таква иднина.

Следната година Citroën ë-C3 треба да биде достапен во Европа, како помал електричен хечбек чија основна верзија се очекува да биде со цена под магичниот праг од 25.000 евра.

Се чини дека сега во игра влегува и Opel. Јавната демонстрација на неговиот Experimental концепт и премиерата на новите електрични верзии на Astra и Corsa се само дел од интересните информации. Флоријан Хуетл, управен директор на брендовите Opel и Vauxhall, призна дека развојот на групацијата Stellantis отвора сосема нови перспективи за нивните електрични возила.

„Со новите целосно електрични платформи од Stellantis, ќе можеме да понудиме цени што ни овозможуваат да допреме до многу поширока публика“, изјави Хуетл за медиумите.

Извештајот заеднички подготвен од „Automotive News Europe“ и „Reuters“ дополнително го проширува контекстот на оваа изјава. Електричниот автомобил на Opel по цена од околу 25.000 евра би требало да го очекуваме едвај во 2026 година, а веројатно е близнак на гореспоменатиот Citroën ë-C3.

Слични содржини