Opel целосно ќе се префрли на електрична енергија до 2028 година

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Opel ќе стане исклучиво електричен бренд до 2028 година, до кога производителот на автомобили од Риселсхајм ќе ги префрли сите модели на чист електричен погон. Овој бренд веќе нуди голем избор на модели со електромотори. Клиентите во моментов можат да нарачаат дванаесет електрифицирани варијанти – од микроавтомобилот Opel Rocks до големиот транспортер Movano.

Во средината на оваа деценија ќе следи нов електричен модел, Opel Manta, а наследниците на моделите Crossland и Insignia исто така ќе бидат електрични.

– Opel постојано се движи кон целта за целосна електрификација – и тоа во рекордно време. Ова дава значителен придонес за намалување на емисиите на CO2. И не планираме да ја запреме трансформацијата на нашата палета на производи: во соработка со нашите партнери ќе произведуваме сопствени батерии со високи перформанси во Кајзерслаутерн од 2025 година. Исто така, градиме нов еколошки кампус во нашето седиште во Риселсхајм – ја објасни бренд стратегијата извршниот директор Уве Хохгешурц.

Opel вели дека нејзината крајна цел е да понуди електрични возила кои совршено ги задоволуваат сите потреби на клиентите – во иднина ова ќе вклучува автономија на возење помеѓу 500 и 800 километри, како и најбрзо полнење во класата од 32 километри автономија по минута, на полнач.

Слични содржини