OpenAI би можел да вреди речиси 100 милијарди долари

Откако веќе собраа повеќе од десет милијарди инвестиции во текот на 2023 година, креаторите на ChatGPT ја разгледуваат можноста за продажба на акции

од Vladimir Zorba
257 прегледи

OpenAI е во преговори за можна продажба на акции што би ја зголемила вредноста на компанијата од 29 милијарди долари на некаде помеѓу 80 и 90 милијарди долари. На вработените ќе им биде дозволено да ги продаваат своите постојни акции наместо компанијата да издава нови, дознава Волстрит журнал.

Во април, OpenAI собра нешто повеќе од 300 милиони американски долари од инвеститори како што се Sequoia Capital, Andreessen Horowitz, Thrive и K2 Global, оценувајќи ја компанијата на 29 милијарди американски долари.

Овие средства се надоврзаа на инвестицијата што ја најави Microsoft, за која се верува дека вреди околу 10 милијарди долари, а која беше затворена во јануари оваа година.

OpenAI, кој е сопственик на ChatGPT, моментално е во 49 отсто во сопственост на Microsoft. На крајот на август објавија дека очекуваат приход од милијарда долари оваа година, пишува Tech Crunch.

Неделава беше најавено дека ChatGPT ќе стане многу поинтерактивен, па корисниците освен текстуални пораки со него ќе можат да комуницираат и преку гласовни барања и со испраќање фотографии врз основа на кои ChatGPT ќе го даде својот одговор.

Слични содржини