36
Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI размислува да воведе реклами во својот главен производ ChatGPT за да добие нови приливи во согласност со најавеното преструктуирање во компанија, ориентирана на профит.
Во интервју за Financial Times (FT), главниот финансиски директор на OpenAI, Сара Фриар изјави дека компанијата размислува кога и каде да воведе рекламирање.
OpenAI наплаќа за пристап до апликативен програмски интерфејс (API) кој им овозможува на програмерите и организациите да градат свои производи базирани на вештачка интелигенција, но тоа не е бизнис кој носи висок профит.