222
Филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ беше еден од најгледаните филмови минатата година, а за неговиот квалитет сведочат и наградите што ги освои.
Како што пишува АП, „Опенхајмер“ освои седум БАФТА награди, меѓу кои и онаа за најдобра фотографија.
Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер, а Килијан Марфи ја доби наградата за најдобар актер, за улогата на Џ. Роберт Опенхајмер, „таткото на атомската бомба“.
Покрај нив, БАФТА награда доби и Ема Стоун, за најдобра актерка во фантазијата „Кледни суштества“, остварување кое освои пет награди на овој фестивал.
„Опенхајмер“ имаше 13 номинации, но не успеа да го собори рекордот од девет трофеи поставен пред половина век со филмот „Буч Кесиди и Санденс Кид“.