„Opera“ објави дека ја затвора својата мобилна „VPN“ услуга до крајот на месецот. Таа беше лансирана пред две години и понуди опција да избира помеѓу различни земји за вашата виртуелна локација, како и вграден софтвер за блокирање на реклами.
За корисниците на iOS, имаше и платена опција која обезбеди поголеми брзини, двојно повеќе од изборот на земја и техничка поддршка.
Корисниците на платената златна верзија ќе добијат една бесплатна година со „SurfEasy Ultra“ идентична услуга, која исто така беше користена како основа за „VPN“ на „Opera“.
Корисниците на бесплатната верзија ќе можат да добијат попуст на „SurfEasy Total VPN“ претплатата.
Интересно е што „Opera“ ја покрива само мобилната „VPN“ услуга, и дека за десктоп-компјутерите ќе продолжат да бидат достапни.