Операција на границата на Белорусија и Украина: Уапсени „саботери“

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека денеска во антитерористичка операција на границата на Белорусија и Украина биле приведени неколку „саботери“.

Лукашенко, говорејќи на настан во Минск, рече дека приведените „превезувале експлозиви за извршување саботажа во Русија и Белорусија“, објави „Ројтерс“.

Претседателот на Белорусија не навел колку луѓе се уапсени, но додал дека слични групи се апсат „два или три пати неделно“.

Слични содржини