Опожарено возилото на Митковски кој беше најблизок соработник на градоначалничката Арсовска

од Nikola Popovski
73 прегледи

Рано утринава во населбата Ѓорче Петров бил запалено возилото марка „мерцедес“ на Драган Митковски кој беше еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски на последните избори беше и носител на листа од редовите на партијата Нова алтернатива, на чие чело застана токму Арсовска.

„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, информираа од МВР.

Во јавноста се шпекулира дека односите помеѓу Митковски и Арсовска во моментов се изладени и дека тоа резултираше со разрешување на директори на неколку скопски јавни претпријатија во последните неколку денови.

Митковски бил близок соработник со Арсовска и во Сојузот на стопански комори. Драги Митковски – „Книга“ беше неформален екс-советник на поранешниот премиер Никола Груевски за книговодствени политики.

Слични содржини