Опожарено возилото на пратеникот Ристески

од Nikola Popovski

Ноќеска било опожарено возилото на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од Прилеп, информира утрово неговиот колега Драган Ковачки.

Според Ковачки, ова е кукавички чин позади кој, како што вели, „стојат платеници од СДСМ“.

-Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија, напиша Ковачки на социјалните мрежи.

Слични содржини