Народно движење за Македонија ја информира јавноста дека не се точни објавите во медиумите во попладневните часови дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствен учесник на изборите закажани за 5 јуни, откако Социјалдемократската партија ги повлече кандидатските листи, а Народно движење за Македонија во предвидениот рок наводно не ги отстрани неправилностите.
Имено, во текот на вчерашниот ден, 13.05.2016 (петок), НДМ во законскиот рок од 48 часа со соодветен допис до ДИК ги отстрани констатираните неправилности.
Оттука, НДМ очекува на седницата на ДИК закажана за утре, 15.05.2016 (недела) со почеток во 13 часот на која прва точка на дневен ред се кандидатските листи на НДМ, истите да бидат потврдени од страна на ДИК.
Ја користиме приликата да ја реафирмираме нашата позиција дека НДМ изразува целосна спремност да ја води изборната трка на 5 јуни меѓу Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и НДМ како главна опозициска партија.
Оттука, НДМ, како и македонскиот народ се силно возбудени од радосниот факт дека Македонија е на нозе, во име на процесот за разбивање на двопартизмот.
Народот знае дека 25 години се менуваат две партии, а на земјата не и оди добро.
НДМ на чело со д-р Јанко Бачев ја започна борбата за рушење на двопартизмот во Македонија, решително, храбро, и во интерес на народот.
Волјата на народот за радикални промени победува, доаѓа унитарна Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана рамноправност на сите национални малцинства.
