Oppo и Xiaomi демонстрираа смартфони со вградена камера под дисплејот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Oppo продолжува да нè изненадува со својата иновативна технологија за паметни телефони, демонстрирајќи ја првата вградена камера под екранот. Компанијата го стори тоа преку краток клип на Твитер, и гледаме прототип на уред со заоблен екран. Кога ја отворате апликацијата за камера на врвот на екранот, има видливи темни ленти кои се неопходни за нормално функционирање на вградениот сензор.

Голем број компании се подготвуваат да воведат таква технологија, но Oppo е прва што ја прикажува во акција. Се очекува дека првиот уред кој го користи иновативното решение ќе биде достапен до крајот на годината. Најверојатно, тоа ќе биде Find X2, што треба да биде следниот предводник на кинеската компанија. Според потпретседателот на компанијата, Брајан Шен, многу е тешко овој тип камери да го постигнат истиот квалитет што го нудат надворешните.

Во меѓувреме Xiaomi исто демонстрира свој концептуален уред со камера под екранот и тоа во рок од неколку минути по Oppo. Коосновачот на Xiaomi Лин Бин забележува дека новата технологија ќе биде достапна наскоро. Можно е двете компании да го користат истиот снабдувач на технологија во нивниот развој.