Дури и на 71-годишна возраст, Опра Винфри цврсто стои зад својата одлука: таа отсекогаш знаела дека не сака да има деца и никогаш не се покајала за тоа.
Во нов документарец, Опра Винфри отворено зборуваше за тоа како врската на легендарната новинарка Барбара Волтерс со нејзината посвоена ќерка Жаклин Дена Губер делумно ја обликувала нејзината одлука да не стане мајка.
„Се сеќавам дека еднаш ми рече: „Нема ништо поисполнето од тоа да имаш деца. Треба сериозно да размислиш“, рекла Винфри во документарецот „Barbara Walters: Tell Me Everything“, кој премиерно беше прикажан на фестивалот Трибека. „И си помислив: „Добро, но те гледам тебе, и не, благодарам.“
Таа го опиша односот меѓу неа и нејзината ќерка како напнат и комплексен, додавајќи: „Видов зошто. И тоа е една од причините зошто никогаш немав деца.“
Документарецот, чија премиера на Hulu е на 23 јуни, детално го истражува сложениот однос помеѓу Барбара Волтерс и нејзината посвоена ќерка Жаклин, која ја посвоила со нејзиниот тогашен сопруг Ли Губер во 1968 година.
Амбицијата и посветеноста на нејзината кариера оставиле трага на нивната врска, а Волтерс отворено признала дека со години се борела со вина. „Не сфатив колку ѝ било тешко. Имаше мајка која беше позната личност. Се мачевме со училиштето, а кога имаше 16 години, избега од дома“, се присети Волтерс во документарецот.
Опра Винфри, која денес има 71 година, сè уште нагласува дека никогаш не се покајала за својата одлука да нема деца. Уште во 2017 година, таа изјави за британски „Good Housekeeping“ дека стои зад таа одлука:
„Кога ме притискаа да се омажам и да имам деца, знаев дека никогаш нема да се покајам затоа што чувствувам дека сум мајка на децата на светот“, рекла таа и додала:
„Љубовта нема граници. „Не е важно дали детето е од твојата утроба или си го запознала на една, десет или дваесет години. Ако љубовта е вистинска, ако грижата доаѓа од срцето, сè функционира“, заклучи таа.