Оправдано е заминувањето на Заев од политиката, смета Таравари

од Берта Китинска
375 прегледи

Оправдано е заминување  на Заев од политиката.На овие избори се гласаше против Ахмети и Заев. Се надевам дека Заев ќе си достои на зборот и чекаме официјализирање на неговата оставка, вели Таравари за Утрински брифинг.

Во врска со опцијата за создавање ново парламентарно мнозинство Таравари вели дека постојат две опции: да има техничка проширена влада што поскоро ќе организира избори, оти и оваа влада има скромно мнозинство, а тенденцијата е на опозицијата да ја преземе власта. Втората опција е да има ново парламентарно мнозинство. Немаме бројки, но имаме разговори оти има многу кои се разочарани од владеењето ан Заев и Ахмети, вели Таравари за Утрински брифинг.

Слични содржини