263
Денес, општина Битола одлучи да го обесштети нејзините жители кои претрпеа штета врз имотот за време на поплавите кои беа неодамна.
Како што информираат од секторот за односи со јавност, по силните и обилни врнежи од дожд и невремето што ја зафати Битола на 9 и 10 јануари, жителите на Битола кои претрпеле штета, може да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во локалната самоуправа.
„Во прилог на барањето потребно е да се достават имотен лист, доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка. Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен. Барањата ќе се доставуваат до 20 јануари“, посочија од Општина Битола.