Општина Центар и МАГО со заедничка кампања за намалување на ризикот од малигни гинеколошки болести

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и Проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, ќе започнат заедничка кампања со цел подигнување на свеста за значењето на редовните превентивни прегледи и намалување на ризикот од малигни болести, особено кај маргинализираните жени.

Првата панел дискусија е планирана за 20 септември и ќе биде во фокус на ретките гинеколошки малигни болести, заштитата од сексуално преносливите болести како и значењето на вакцинацијата за ХПВ вирусната инфекција.

Во рамки на Меморандумот за соработка се предвидува и реализирање на јавни кампањи, стручни состаноци, едукативни работилници и други активности во насока на промоција, заштита и унапредување на репродуктивното и сексуалното здравје. Едукативните совети ќе бидат насочени и кон младата популација преку користење на модерни контрацептиви и безбедно планирање на бременост како и правата за соодветна заштита и згрижување на жртвите од сексуално насилство.

Слични содржини