Општина Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

Наменските контејнери се дел од новата опрема што Општина Центар ја изнајми за собирање смет, откако ЈП „Комунална хигиена" потфрли во извршувањето на својата обврска, за што граѓаните редовно плаќаат сметки.

од Vladimir Zorba
28 прегледи Фото: Општина Центар

Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии.

Наменските садови со капацитет од по пет кубни метри се распоредени на три клучни места:
– улица „Загребска” кај КТК
– улица „Борка Талевски” кај „Вучко”
– улица „Антонио Грубишиќ” кај кружниот тек во Дебар Маало

Дополнително, девет помали контејнери за кабаст отпад се поставени на:
– улица „Киро Крстевски Платник”
– улица „Мирче Ацев” (Пролет)
– улица „Кочо Рацин” (Зелен пазар)
– улица „Васил Ѓоргов” во Капиштец

Наменските контејнери се дел од новата опрема што Општина Центар ја изнајми за собирање смет, откако ЈП „Комунална хигиена” потфрли во извршувањето на својата обврска, за што граѓаните редовно плаќаат сметки.

Поставените контејнери ќе останат на посочените локации најмалку две недели, а во зависност од потребите ќе бидат преместувани и во други населби.

Оваа мерка е дел од поширокиот план за одржување на чистотата и редот во општината, сè додека надлежната градска институција не ја преземе својата законска обврска.