Општина Центар прогласена за Највело општина во Скопје и околината за 2023 година

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Општина Центар, со освоени 49 поени, денеска ја доби главната награда за Највело општина во Скопје и околината за 2023 година доделена од претставниците на Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи.

Здружението, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, денеска ги додели наградите за Највело општини во Скопје и околината за оваа година.

Проектот е реализиран од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, а е финансиран од страна на Владата на Шведска.

Покрај Општина Центар, која освен статуетката доби и паркинг место за велосипеди, како главна награда, признание добија и општините Аеродром, Илинден, Гази Баба и Петровец.

Изработиле јавната онлајн анкета која ја пополниле повеќе од 1000 граѓани, на која Општина Аеродром освоила најмногу поени и ја доби наградата од јавноста.

Онлајн анкетата покажа дека граѓаните најчесто го користат велосипедот како превозно средство за движење низ општините Центар, Карпош и Аеродром.

Наградите ги примија градоначалник на Општина Петровец, Борче Митевски, градоначалник на Општина Илинден, Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, претставничка од Општина Аеродром и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– Преку наградата за „Највело општина во Скопски плански регион“ сакаме да бидеме поттик на локалните власти да се стремат кон создавање подобри услови за граѓаните кои го користат велосипедот како свое секојдевно превозно средство, истакнаа организаторите.

Како што изјавија, целта на проектот била де се согледа тоа што е сработено во последнните две години во општините и да се воспостави соработката за Скопје да стане Вело град.

Слични содржини