Општина Центар утре почнува со чистење на ѓубре во и надвор од контејнерите

од Radmila Tasevska
472 прегледи

Општина Центар соопшти дека од утре почнува со чистење ѓубре во и надвор од контејнерите. Како што најави градоначалникот Горан Герасимовски, со работа утре наутро почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација.

На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет.

-Ги преземаме работите во наши раце. Општина Центар започнува да ја чисти општината и да го собира сметот самостојно од утре рано изутрина. Обезбедени се четири камиони за собирање смет и еден камион за подигање контејнери, како и целата механизација на ЈП „ПОЦ“ меѓу кои три метларки и цистерна за темелно миење на улиците. Рано наутро речиси сите хигиеничари заедно со цела механизација излегува на терен, истакна Герасимовски.

Тој испрати апел Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен.

Од Општина Центар соопштија дека вчера алармираа за изнаоѓање брзо решение за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје, откога голем број граѓани се пожалија на нехигиена и неподносливата миризба од преполните контејнери по булеварите и улиците.

Слични содржини