Општина Центар: Владата присвои 15.136 м2 земјиште од О.Центар за градби од посебен интерес за бизнисите на градежната мафија

од desk3
98 прегледи

Ситуацијата со узурпирање на земјиштето на Општина Центар од страна на владата станува алармантна. Во само една недела, општината открива трет случај на незаконско присвојување на општинското градежно земјиште со цел реализирање на бизнис интресите на власта.

Најновиот случај се однесува на атрактивно државно земјиште на улица „Јордан Мијлаков“, поранешна ул. „Железничка“. Имено, преку превезот на „градба од посебен интерес“ на 21 јули оваа година владата донела одлука за узурпирање на земјиштето и изградба на стамбени објекти. Како и во претходните случаи, потписник на одлуката е лично вицепремиерот Ставревски. На идентичен начин како во случајот со земјиштето во Градски Парк и кај ПУИГ, владата наместо објекти од посебен интерес на граѓаните, планира градби од посебен интерес за бизнисите на градежната мафија.

Scan-1-page-001

 

Кликнете на фотографијата

Владата досега, само со овие три парцели, присвоила градежно земјиште од точно 15.136 м2 во Општина Центар, кое треба да биде наменето на градење на стамбени и деловни објекти како и хотелски комплекси!

stavreski-gruevski-taleski

Го повикувам премиерот Никола Груевски, веднаш да одговори и да не се крие позади штурите и немушти соопштенија на Министерството за транспорт и врски.

urbanizam

 

Кликнете на фотографијата

Од каков посебен интетрес се овие згради кои планира да ги гради на оваа локација? Од чиј посебен интерес се згради од кој некој дебело ќе профитира?

Која е висината на предвидените градби? Дали повторно станува збор за облакодери?

Го повикуваме Министерството за транспорт и рски веднаш да ја поништи оваа одлука, а власта да ги тргне рацете од земјиштето на општина Центар. Исто така, ја повикуваме стручната јавност, граѓаните и сите засегнати страни да се вклучат во оваа дебата и заеднички да се спротиставиме на овие незаконски одлуки на владата.

 

Соопштение на О. Центар