Општина Центар за присвојувањето на јавен простор за приватни паркинзи на Водно: Инспекциски служби ќе спроведат вонреден надзор

Граѓани кои живеат во тој дел од Скопје се пожалија дека „веќе нема тротоар каде може да прошетаат“, бидејќи оние кои градат нови згради таму, но и такви кои подолго време живеат во населбата, сами си поставуваат „блокатори“.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

По текстот на „Локално“ за граѓани и градежни фирми кои окупираат јавни простори за да прават приватни паркинзи на Водно, стигна реакција од Општина Центар.

Во својата реакција, тие кратко одговорија дека од инспекциските служби ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор на локациите и ќе се преземат соодветни инспекциски постапки.

Граѓани кои живеат во тој дел од Скопје се пожалија дека „веќе нема тротоар каде може да прошетаат“, бидејќи оние кои градат нови згради таму, но и такви кои подолго време живеат во населбата, сами си поставуваат „блокатори“.

Ова е случај на улицата „Рилски Конгрес“, но слични ситуации се гледаат и на другите околни улици, како што е случајот со Ул.Востаничка, каде, исто така, се присвојува паркинг, со претходно поставување на бекатон плочки на местото каде има тротоар за граѓаните.

Покрај поставување блокатори, на ул. „Рилски конгрес“ има и новоградба, која целосно го оградила тротоарот пред зградата, и го претворила во приватен паркинг. Граѓаните сега треба, некои и со колички за бебиња, да го заобиколуваат целиот дел и се доведуваат во опасност на самата улица.