Општина Чаир го осуди инцидентот со Арсовска: Ниту еден вработен или функционер на Општината не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот

од Milan1
82 прегледи

Општина Чаир најостро го осуди инцидентот што се случи меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територијата на општината, нагласувајќи дека ваквите случувања се неприфатливи и спротивни на вредностите на едно демократско и цивилизирано општество.

Во соопштението испратено до јавноста, од Општина Чаир појаснуваат дека настанот не е во никаква поврзаност со нивната институција. „Ниту еден вработен или функционер на Општина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот“, се вели во соопштението.

Од таму потенцираат дека остануваат посветени на зачувувањето на јавниот ред, почитувањето на институциите и унапредувањето на соживотот меѓу заедниците.

Општината упати апел надлежните институции да постапат согласно своите овластувања, со внимание и одговорност, со цел расветлување на инцидентот и зачувување на јавниот ред и мир.

Слични содржини