301
Општина Чаир во соработка со Јавното општинско претпријатие „Шкупи Вјетер“ денеска започна со отстранување на хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на територија на општината.
„Претходно беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈОП ‘Шкупи Вјетер’ е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици“, соопштија од општината.
Со акцијата која започна денеска ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила.