Oпштина Гостивар е најдобро рангирана за отчетност меѓу општините кои се предводени од кадри на политичките партии на Албанците, оставајќи ги зад себе сите урбани општини со мнозиство насление Албанци, како што е општина Чаир која е рангирана на 49 место, Струга на 50-то, Сарај на 34-то и Дебар на 19 место.
Ова го покажува истражувачката анализа на здружението „Змаи“ за транспарентност при носење на буџетите на општините и индексот на отвореност на општините за 2021 година. Вредноста на индексот за секоја општина во Република Северна Македонија беше пресметана со помош на податоците собрани од Анкета за отворени општини.
– Станува збор за детална студија за буџетскиот процес на општината за фискалната 2021. Со прашањата се оценува и она што се случува во практиката и она што го бара законот. Така, одговорите даваат оценка за транспарентноста, правичноста и отчетноста на една општина, гледајќи ги не само официјалните принципи во државата, туку и следејќи ги општоприфатените добри практики за управување со јавните финансии, се вели во извештајот на „Змаи“.
Д.Ј.