Општина Карпош еднократно ќе ги наградува најдобрите полу-матуранти

од Andreja Salpe
265 прегледи

Десетте најдобри ученициполуматуранти ќе добијат еднократна парична награда од Општина Карпош.

Тоа се однесува на првенците на генерација кои завршуваат во учебната 2020/2021 година во десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош.  Најдобрите ученици на генерацијата кои го заокружуваат своето основно образование ќе добијат еднократно по 10.000 денари за успешно матурирање, поточно за севкупниот успех во школувањето.

За ваквиот симболичен поттик и признание на најуспешните полуматуранти едногласно гласаа сите советници на Карпош, а признанијата ќе им ги врачи градоначалникот Стефан  Богоев, веднаш по завршување на учебната година.

Слични содржини