По обвинувањата насочени кон Општина Карпош, кои пристигнаа сношти за изградба на станбен објект од приземје, два ката и поткровје, се огласи и градоначалникот кој вели дека се работи за големо недоразбирање.
Имено, вели дека информацијата е погрешно пренесена, со оглед на тоа дека дека земјиштето кое е дел од КП 6100/2, 6103/1и 6097/4 во рамките на ДУП за Градска четврт 3 09, со површина на градежна парцела од 368 метри квадратни, лоцирана во близина на пожарната станица во Карпош, не може да се продава за цената која се пласира во медиумите односно 61 денар. Всушност, оваа цена е почетна, за што пдоцона во јавното наддавање може да достигне и до 500 евра по квадрат.
Инаку, ова следува по реакциите на граѓани околу продажбата на земјиштето и изградбата на уште една зграда во Карпош, особено што станува збор за државен имот каде што општинската власт може да интервенира и да направи промена на намената во постојниот ДУП, па оттаму од општината нема одговор зошто вака се постапува. Нема одговор ниту дали станува збор за окрупнување на парцелата. Богоев само вели дека постапката се спроведува според законската регулатива и нагласува дека станува збор за изградба на индивидуална куќа, а не зграда во линија на целиот потег.
Во изјава за Локално инаку, денес Богоев посочи дека поради јавена техничка грешка во документацијата, јавното наддавање за земјиштето ќе има нов датум, односно нема да се спроведе утре во 10 часот, како што беше и планирано.