Општина Карпош обвинува за селективни напади: Кој се омрсил од Лимак и Дајмонд?

од Илинка Илиоска
74 прегледи

Општина Карпош денес преку соопштение реагира на јавните критики во врска со пресудата на Управниот суд за изградбата на 17-катницата спроти клиниката „Жан Митрев“ во кое изрази „зачуденост“ од однесувањето на одредени групи и активисти, обвинувајќи ги за ширење на дезинформации и вршење притисок врз институции.

„Јавноста мора да знае дека овие исти луѓе кои сега одат од медиум на медиум да ја шират својата невистина, таа локација ја дадоа на Уставен суд. Нивната иницијатива за оценка на уставноста беше отфрлена од овој суд. Не се смирија. Вршеа притисок врз министерството за одбрана и врз министерството за култура, како и врз Националната управа Конзерваторски центар Скопје,“ стои во соопштението.

Општината ги негира тврдењата дека висококатницата ќе го попречи слетувањето на хеликоптери до Клиничкиот центар.

„Воените воздухопловни власти дале согласност не за 17, туку за 28 ката за оваа зграда уште при носење на урбанистичкиот план и истото министерство уште два пати даде согласност на урбанистичкиот проект,“ нагласуваат од општината.

Според Општина Карпош, критиките се „селективни“ и ги игнорираат поголемите урбани интервенции во Скопје.

„Ниту еднаш не се запрашаа како е можно трговскиот центар Дајмонд да го зграпчи од сите страни Музејот на градот Скопје – Стара железничка станица? Каде има корупција? При издавањето на дозволата на комплексот Дајмонд да се качи врз Музејот на град Скопје или 17 катницата во Карпош?“ прашуваат од општината.

„Очигледно е дека работата е како што вели онаа народната – ‘парите бушат каде што и бургијата не може’. Останува да се утврди кој се омрсил од Лимак и Дајмонд, кој добивал станови во компензација и чии брачни другари се таму вработени“, велат од оштината од каде ги повикаа и институциите и јавноста да ја почитуваат законитоста и стручноста на надлежните органи во врска со проектот.

Советничка во Општина Карпош добивала закани за ќерката поради противење на изградба на зграда кај Воена болница

Слични содржини